МакСтат избор, 2025
Пред вас е најновото издание на публикацијата Макстат избор во која направивме обид, податоците од редовните статистички истражувања да ви ги прикажеме на сликовит начин, со голем број визуелизации и графика
Пред вас е изданието „МакСтат избор, 2025“, кое е резултат на нашите напори да ги презентираме
најважните податоци од редовните статистички истражувања на Државниот завод за статистика едноставно, прегледно и визуелно впечатливо. Оваа публикација не е само збирка од бројки, туку внимателно избран сет од информации прикажани преку графикони, табели и инфографици со цел да ви помогне полесно да ја разберете динамиката на клучните социоекономски појави во Република Северна Македонија.
При подготовката на ова издание, посебно внимание посветивме на изборот на темите и индикаторите, за кои цениме дека ќе го привлечат вашето внимание и ќе ви овозможат брз увид во различни аспекти на општествените трендови. Со визуелната презентација на податоците, целта ни е да ги направиме статистичките информации лесно разбирливи за сите други корисници на официјалната статистика.
Сите податоци вклучени во ова издание може да ги најдете и во базата на податоци МАКСТАТ, достапна на нашата веб-страница, во која е овозможено детално пребарување и анализа според посакуваните параметри.
Ви благодариме за интересот за официјалната статистика и се надеваме дека ова издание ќе ви биде од полза при секојдневната работа, истражувањето и донесувањето одлуки што се темелат врз факти.