Публикации

Жените и мажите во Северна Македонија, 2023

Пред вас е тринаесеттото издание на публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија“, подготвено врз основа на податоците кои Државниот завод за статистика ги прибира преку своите редовни статистички истражувања, но и податоци од други учесници во Националниот статистички систем

Имајќи ја предвид содржината на претходните изданија, во ова издание се обидовме да го продолжиме континуитетот на објавените податоци, но и да презентираме нови содржини кои ќе ви овозможат да добиете слика за демографските, образовните и економските карактеристики на жените и на мажите во Република Северна Македонија. 

Презентираните индикатори од родовите статистики ни овозможуваат да го следиме процесот на воспоставување на еднакви можности и еднаков третман на жените и на мажите во разни области од животот: образованието, вработувањето, правосудството, социјалната заштита. 

Преземи ја публикацијата:

Жените и мажите во Северна Македонија, 2023


Сите публикации:

  • Жените и мажите во Северна Македонија, 2023


  • Архива на публикации

    Архива на Жените и мажите во Северна Македонија