Регионите во Северна Македонија, 2024
Запознајте ја нашата држава на регионално и на локално ниво преку статистичките податоци што се однесуваат на населението, но и на географските, социоекономските, културните, просторните и сообраќајните услови и содржини

Ова петнаесетто издание на „Регионите во Република Северна Македонија, 2024 година“, кое ги прикажува осумте неадминистративни региони во државата, поделени според Номенклатурата на територијалните единици за статистика (НТЕС), дава одговор на вашите прашања преку табели, графикони, мапи и коментари.
Податоците во публикацијата се од голема важност и се користат за планирање и водење на регионалната и локалната политика во државата. Во таа смисла, обработените податоци се основа за преземање активности и мерки за намалување на разликите во природните, економските, демографските, како и во социјалните и инфраструктурните карактеристики на територијалните статистички единици во државата.
Упатувајќи на користење на оваа публикација, Државниот завод за статистика ги очекува повратно вашите коментари, предлози и сугестии во насока на збогатување на нејзината содржина, а со тоа и на зголемување на нејзината вредност и полезност за сите нејзини корисници