Државен завод за СТАТИСТИКА

Публикации

Регионите во Северна Македонија, 2026

Запознајте ја нашата држава на регионално и на локално ниво преку статистичките податоци што се однесуваат на населението, но и на географските, социоекономските, културните, просторните и сообраќајните услови и содржини

Регионалната политика станува сè поважна во социоекономскиот развој на државата. Главна цел на регионалната политика е намалување на разликите во природните, економските, демографските, социјалните и инфраструктурните карактеристики на општините во државата.

За да се дизајнира регионалната политика на една земја, од круцијално значење е да се располага со релевантни и официјални статистички податоци.

Државниот завод за статистика, во рамките на своите активности, обезбедува продукција на статистички податоци на различни територијални нивоа ‒ држава, регион, општина и
населено место.

Основата за прибирање, обработка и публикување регионални податоци е Номенклатурата на територијални единици за статистика – НТЕС.

Податоците презентирани во публикацијата се однесуваат на регионите според Номенклатурата (НТЕС) од 2007 година („Службен весник на РМ“ број 158/2007, 10/2014 и „Службен
весник на РСМ“ број 131/2019) .

При подготовката на Номенклатурата се настојуваше да се постигне усогласеност со европската Номенклатура на територијални единици за статистика – NUTS (Nomenclature of
Territorial Units for Statistics).

Преземи ја публикацијата:

Регионите во Северна Македонија, 2026


Сите публикации:

  • Регионите во Северна Македонија, 2026
  • Регионите во Северна Македонија, 2025
  • Регионите во Северна Македонија, 2024


  • Архива на публикации

    Архива за Регионите во Северна Македонија