Публикации

Северна Македонија во бројки, 2024

Иако мала по формат, оваа публикација содржи бројни статистички податоци и информации од спроведените статистички истражувања што се преточени во табели, графикони и мапи

Пред нас е најновото издание на публикацијата „Северна Македонија во бројки”, статистички приказ на демографските и социоекономските состојби во државата.

Почнувајќи со податоците за општите и регионалните статистики, населението и социјалните статистики, преку податоците за економијата, финансиите, приходите, потрошувачката и цените, како и податоците за земјоделството, индустријата, градежништвото, енергијата и трговијата, статистичкиот приказ води до податоците за транспортот, туризмот и деловните субјекти.

Иако мала по формат, оваа публикација содржи бројни статистички податоци и информации од спроведените статистички истражувања што се преточени во табели, графикони и мапи.

Прикажани на ваков начин, статистичките податоци се лесни за разбирање и користење.

Преземи ја публикацијата:

Северна Македонија во бројки, 2024


Сите публикации:

  • Северна Македонија во бројки, 2024


  • Архива на публикации

    Архива на Северна Македонија во бројки