Стоковна размена со странство, јануари – јули 2026 година, претходни податоци
Раст на извозот и на увозот во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година
Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – јули 2026 година, изнесува 314 660.2 милиони денари и бележи пораст од 8.45 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – јули 2026 година, изнесува 443 910.2 милиони денари, што е за 7.93 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.
Во увозот најмногу се застапени: платината и легурите на платина, необработени или во прав, другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови) и други моторни возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – јули 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 49.4 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58.7 % во вкупната размена.
Главни поенти
Извоз јануари – јули 2026 година во однос на јануари – јули 2025 година
- 314 660.2 милиони денари: +8.4 %
- 5 102.9 милиони евра: +8.4 %
- 5 932.5 милиони САД долари: +13.9 %
Увоз јануари – јули 2026 година во однос на јануари – јули 2025 година
- 443 910.2 милиони денари: +7.9 %
- 7 199.3 милиони евра: +7.8 %
- 8 369.7 милиони САД долари: +13.5 %
Табели
СМТК - Стандардна меѓународна трговска класификација рев.4
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Извоз и увоз на стоки по месеци, претходни податоци
Контакт
Катерина ДавковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: katerina.davkova@stat.gov.mk