Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 01.1.2025.2

Бруто-домашен производ, 2023 година, дефинитивни податоци

Бруто-домашниот производ во 2023 година изнесуваше 902 905 милиони денари и во однос на 2022 година е номинално зголемен за 10.6 %

Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2023 година, во однос на 2022 година, e 2.6 %. 

БДП во 2023 година изнесуваше 902 905 милиони денари и во однос на 2022 година е номинално зголемен за 10.6 %.

Најголемо учество во додадената вредност со 18.6 % во структурата на БДП во 2023 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна. 

Инвестициите во основни средства во 2023 година, во однос на 2022 година номинално пораснаа за 13.6 %, а во стуктурата на БДП учестуваат со 24.7 %.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 57.8 %, машините и опремата со 32.5 %, а останатите инвестиции со 9.7 %.

Финалната потрошувачка во 2023 година, во однос на 2022 година, номинално порасна за 9.1 %, а во структурата на БДП учествува со 83.4 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2023 година e 67.4 %.

Главни поенти

Во 2023 во однос на 2022 година бруто-домашниот производ:

  • Реално е зголемен за 2.6 % 
  • Номинално e зголемен: за 10.6 %
  • По жител е 8 025 евра

Табели

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


1) Вклучува разлика поради балансирање

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Стапки на реален раст на бруто-домашниот производ

Контакт

Бобан Илиевски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: boban.ilievski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Бруто-домашен производ