Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 01.1.2026.1

Бруто-домашен производ, 2025 година, претходни податоци

Бруто-домашниот производ (БДП) во 2025 година изнесува 1 105 239 милиони денари и во однос на 2024 година е номинално зголемен за 7.1 %

Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2025 година, во однос на 2024 година, e 3.8 %.

БДП во 2025 година изнесува 1 105 239  милиони денари и во однос на 2024 година е номинално зголемен за 7.1 %.

Најголемо учество во додадената вредност со 19.9 % во структурата на БДП во 2025 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Забележителен придонес во остварениот раст на БДП во 2025 година во однос на 2024 година имаа бруто-инвестициите во основни средства, кои забележаа номинален пораст од 9.6 %.

Финалната потрошувачка во 2025 година во структурата на БДП учествува со 80.7 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2025 година e 60.8 %.

Главни поенти

Во 2025, во однос на 2024 година, бруто-домашниот производ:

  • Реално е зголемен за 3.8 %
  • Номинално e зголемен за 7.1 % 
  • По жител е 9 859 евра

Табели

2024 - дефинитивни податоци

2025 - претходни податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


2024 - дефинитивни податоци

2025 - претходни податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


2024 - дефинитивни податоци

2025 - претходни податоци

1) Вклучува разлика поради балансирање

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


2024 - дефинитивни податоци

2025 - претходни податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МАКСТАТ базата на податоци

Графикон

Стапки на реален раст на бруто-домашниот производ

2024 - дефинитивни податоци, 2025 - претходни податоци

Контакт

Ленче Неданоска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: lence.nedanoska@stat.gov.mk
Бобан Илиевски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: boban.ilievski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Бруто-домашен производ