Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.8.2026.1/9

Индекси на цените во земјоделството, септември 2026 година

Цените во земјоделството во септември 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, се зголемени за 8.8 % кај инпутот и за 2.3 % кај аутпутот

Цените во земјоделството во септември 2026 година, споредени со цените во септември 
2025 година, бележат зголемување и кај инпутот, и кај аутпутот.

Во делот инпут, во септември 2026 година, во споредба со септември 2025 година, кај цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) има зголемување за 
8.8 %, а кај цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) зголемувањето е за 8.6 %.

Во делот аутпут, во септември 2026 година, во споредба со септември 2025 година, цените на растителното производство се зголемени за 3.9 %, а цените на добиточното производство се намалени за 2.1 %.

Главни поенти

Кај цените во земјоделството во септември 2026 година, во однос на септември 2025 година, се бележи следнава динамика:

  • повисоки се за 3.9 % кај растителното производство и
  • пониски за -2.1 % кај добиточното производство 

во делот на аутпутот, додека во делот на инпутот

  •  повисоки се за 8.8 % кај тековно потрошените средства во земјоделството и
  •  за 8.6 % кај средствата наменети за инвестиции во земјоделството

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МАКСТАТ базата на податоци

Контакт

Виолета Миланова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: violeta.deleva@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекс на цени во земјоделството