Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, јули 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се намалени за 0.6 % во јули 2025 година во однос на претходниот месец
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јули 2025 година, во однос на претходниот месец, се намалени во секторот Рударство и вадење камен за 0.2 %, додека во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 %.
Во јули 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 4.6 %, а во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 5.3 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во јули 2025 година:
- се намалени за 0.6 % во однос на претходниот месец
- се зголемени за 4.8 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk