Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, август 2025 година
Инфлацијата во август 2025 година во однос на претходниот месец е 0.2 %
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, изнесува 0.2 %.
Зголемувањето на инфлацијата во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Ресторани и хотели за 2.1 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.7 %, Храна и безалкохолни пијалаци и Разновидни стоки и услуги за 0.6 %, Рекреација и култура за 0.3 % и Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.
Во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3.1 %, Облека и обувки за 0.6 %, Здравје и Образование за 0.1 %.
Трошоците на животот во групите Домување, вода, електрика, гас и други горива и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.
Индексот на цените на мало во август 2025 година, во однос на јули 2025 година, изнесува 99.3.
Индексот на трошоците на животот во август 2025 година, во однос на август 2024 година, бележи зголемување од 4.4 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.1 %.
Главни поенти
Во август 2025 година во однос на јули 2025 година:
- Стапката на инфлација е 0.2 %
- Во групата Ресторани и хотели е 2.1 %
Табели

Графикон
Месечни индекси на трошоците на животот
август 2024 – август 2025 година
Контакт
Елвидина ЛуковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk