Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.5.2025.1/12

Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, декември 2025 година

Инфлацијата во декември 2025 година во однос на претходниот месец е 0.4 %

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 0.4 %.
               
Индексот на трошоците на животот во 2025 година, во однос на 2024 година, бележи пораст од 4.1 %, а индексот на цените на мало од 3.6 %.       
         
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2025 година беше различно кај одделни групи на потрошувачката.                                                                  
Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7.2 %, Рекреација и култура за 6.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 5.2 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4.6 %, Разновидни стоки и услуги за 3.7 %, Облека и обувки, Здравје за 3.1 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1.8 %, Комуникации за 1.3 %, Транспорт за 0.8 % и Образование за 0.1 %. 
     
Зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: Транспорт за 5.8 %, Рекреација и култура за 0.8 %, Здравје за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели за 0.4 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.2 %, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %. 
 
Во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 % и Облека и обувки за 0.2 %. 
                         
Трошоците на животот во групите: Образование и Комуникации остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.                                           
Индексот на трошоците на животот во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи зголемување од 4.1 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.7 %.                 
       
Индексот на цените на мало во декември 2025 година, во однос на ноември 2025 година, изнесуваше 101.9. 
       
Од јануари 2026 година ќе стапи во сила методолошка промена во Индексите на трошоците на животот и Хармонизираниот индекс на трошоците на животот поради стапувањето во сила на директно применливите регулативи на ЕУ, обврзувачки за сите земји-членки на ЕУ, како што следува:
            
- Индексите ќе бидат структурирани според новата Европска класификација на индивидуална потрошувачка според намена,  ECOICOP верзија 2, усогласена со Класификацијата на Обединетите нации UN COICOP 2018.

Главни поенти

Во декмври 2025 година во однос на ноември 2025 година:
  • Стапката на инфлација е 0.4 %
  • Во групата Транспорт е 5.8 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Месечни индекси на трошоците на животот

декември 2024 – декември 2025 година

Контакт

Елвидина Луковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elvidina.lukovic@stat.gov.mk
Дарко Настоски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: darko.nastoski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало