Структурни деловни статистики, 2024 година, дефинитивни податоци
Преработувачката индустрија има најголемо учество од 25.4 % во бруто-додадената вредност во 2024 година
Во 2024 година, 69 089 пазарноориентирани деловни субјекти1) реализирале промет од
2 166 693 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 497 031 милион денари.
Најголем промет од 40.3 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.2 %.
Најголемо учество во вкупната додадена вредност има Преработувачката индустрија со 25.4%, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 21.1 %, Градежништвото со 10.9 % и Информациите и комуникациите со 9.0 %.
______________________________________
1) Сектори на дејности од Б до О според НКД, рев. 2., освен И, Љ и О94.
Главни поенти
2024 година, дефинитивни податоци:
- 69 089 активни претпријатија
- 434 645 вработени лица
- 2 166 693 милиони денари промет
- 497 031 милион денари додадена вредност
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Снежана ШиповиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk