Структурни деловни статистики, 2025 година, претходни податоци
Преработувачката индустрија има најголемо учество од 26.2 % во бруто-додадената вредност во 2025 година
Во 2025 година, 70 843 пазарноориентирани деловни субјекти1) реализирале промет од
2 226 478 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 522 087 милиони денари.
Најголем промет од 38.7 % реализирале деловните субјекти од секторот Трговија на големо и на мало и Преработувачката индустрија од 24.5 %.
Најголемо учество во вкупната додадена вредност има Преработувачката индустрија со 26.2 %, а потоа следат Трговијата на големо и на мало со 20.0 %, Градежништвото со 10.0 % и Телекомуникации, компјутерско програмирање, консултантски дејности, компјутерска инфраструктура и други информатички дејности со 9.2 %.
______________________________________
1) Сектори на дејности од Б до П според НКД, рев. 2.1., освен Ј, М и П 94.
Главни поенти
2025 година, претходни податоци:
- 70 843 активни претпријатија
- 428 235 вработени лица
- 2 226 478 милиони денари промет
- 522 087 милиони денари бруто-додадена вредност
Табели
Почнувајќи од референтната 2025 година, податоците се прикажуваат според новата Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.1. Поради промените во класификацијата, податоците по одделни дејности може да не бидат целосно споредливи со податоците за претходните години.
Користени симболи →
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Снежана ШиповиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: snezana.sipovic@stat.gov.mk