СООПШТЕНИЕ : 12.1.2025.1/1

Производство и продажба на шумски сортименти, прво тримесечје 2025 година

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2025 година е зголемено за 23.5 % во однос на првото тримесечје од 2024 година

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во првото тримесечје од 2025 година изнесува 34 542 м3 и во однос на првото тримесечје од 2024 година е зголемено за 23.5%.

Зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови, другото обло дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.

Намалување на шумското производство е забележано кај просторното дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од иглолисни видови.

Во истиот период продажбата на шумски сортименти изнесува 26 619 м3 и бележи зголемување од 16.1%.

Главни поенти

Производство на шумски производи:

  • Огревно дрво   26 656 м3
  • Трупци                5 766 м

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Ленче Петрова
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: lence.petrova@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Производство и продажба на шумски сортименти во шумарството, сеча на дрва и услуги