Индекси на индустриското производство, ноември 2025 година
Индустриското производство во ноември 2025 година е намалено за 2.8 % во однос на ноември 2024 година
Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември
2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање од 4.7 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.0 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 8.6 %.
Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели:
- Производство на пијалаци,
- Производство на текстил,
- Производство на облека,
- Производство на хемикалии и хемиски производи,
- Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
- Производство на метали,
- Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема,
- Производство на електрична опрема,
- Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и
- Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи опаѓање кај Енергија за 8.5 %, Капитални производи за 2.1 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8.7 %, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7.7 %.
Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на периодот јануари – ноември 2024 година, е зголемено за 1.9 %.
Главни поенти
Најголемо влијание врз падот на индустриското производство во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, имаат одделите:
- Производство на облека со 16.4 %
- Производство на електрична опрема со 4.0 %
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 8.6 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Горан СтојковиќТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk