Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 16.2.2025.1/10

Индекси на индустриското производство, октомври 2025 година

Индустриското производство во октомври 2025 година е зголемено за 2.8 % во однос на октомври 2024 година

Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 
2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи опаѓање од 0.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0.4 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 26.5 %. 

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: 

 - Производство на прехранбени производи,
 - Производство на пијалаци,
 - Производство на тутунски производи,
 - Печатење и продукција на снимени медиуми, 
 - Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати,
 - Производство на производи од гума и производи од пластични маси и
 - Производство на електрична опрема. 

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, бележи пораст кај Енергија за 25.9 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 10.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.3 %, додека опаѓање бележи кај Капитални производи за 9.2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 
17.6 %. 
Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, е зголемено за 2.4 %. 

Главни поенти

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, имаат одделите: 

  • Производство на пијалаци со 11.8 %
  • Производство на електрична опрема со 12.0 %
  • Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 26.5 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Горан Стојковиќ
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: goran.stojkovic@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на индустриското производство