Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 21.4.2026.1/2

Природно движење на населението, второ тримесечје 2026 година, претходни податоци

И во второто тримесечје во 2026 година природниот прираст е негативен: -1 005

Во второто тримесечје од 2026 година, во споредба со истиот период од 2025 година, бројот на живородените деца изнесува 3 684 и е намален за 3.0 %. 
 
Бројот на умрените лица во второто  тримесечје од 2026 година бележи намалување од 0.6 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година и изнесува 4 689 лица, а од нив 10 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен и изнесува  -1 005, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 732 бракови и нивниот број е намален за 2.2 % во споредба со истиот период од 2025 година, а регистрирани се и 406 разведени бракови. 

Главни поенти

Во второто тримесечје од 2026 година во однос на второто тримесечје од 2025 година:

  • помалку  живородени деца за 3.0 % 
  • помалку  умрени лица за 0.6 % 
  • помалку склучени бракови за 2.2%
  • Во второто тримесечје од 2026 година регистрирани се 406 разведени бракови 

Табели

2025 година, дефинитивни податоци


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Дијана Крстевска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Природно движење на населението