Наталитет, 2024 година, дефинитивни податоци
Во 2024 година се живородени 16 061 дете
Во 2024 година се родени 16 153 деца вкупно, од кои живородени се 16 061, а 92 се мртвородени.
Бројот на живородените деца во 2024 година е намален за 4.0 % во споредба со минатата година. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество, и тоа 51.5 %, односно на 100 живородени женски деца 106.3 се машки.
Според месецот на раѓање, најголем број живородени деца се регистрирани во месец јули: 1 496.
Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 31.8 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.7 години, а на прворотките 28.2 година.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.
Во 2024 година се регистрирани 12 живородени деца од мајки на возраст под 15 години.
Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 844 или 11.5 % од вкупниот број на живородените деца.
Главни поенти
Бројот на живородените деца е намален за 4.0 % во однос на 2023 година
Структура на живородените по пол:
- 51.5% машки
- 48.5 % женски, односно на 100 живородени женски деца 106.3 се машки
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 29.7 години, а на прворотките 28.2 година
Бројот на вонбрачните живородени деца е 1 844 или 11.5 % од вкупниот број на живородените деца
Табели

Контакт
Дијана КрстевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dijana.krstevska@stat.gov.mk