СООПШТЕНИЕ : 21.5.2025.1

Склучени и разведени бракови во 2024 година

Во 2024 година во однос на 2023 година се склучени за 12.7 % помалку, а разведени за 14.7 % повеќе бракови

Во 2024 година се склучени 11 066 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 12.7 %. Најмногу бракови, 1 452 или 13.1 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 661 брак или 6.0 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.9 % за жените и 92.3 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.1 % и во трет брак со учество од 0.7 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.6 години за невестата и 30.1 година за младоженецот.

Во 2024 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3 658 или 33.1 % кај жените и 3 871 или 35.0 % кај мажите.

Според возраста, најголем број разводи кај жените имало во старосната група од 35 до 39 години, односно 359 или 17.7 %, а кај мажите во старосната група од 40 до 44 години, односно 347 или 17.1 %.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 488 или 24.1 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Главни поенти

Во 2024 година:

  • Бројот на склучените бракови е намален за 12.7 % во споредба со 2023 година
  • Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27.6 години за невестата и 30.1 година за младоженецот
  • Бројот на разводите е зголемен за 14.7 % во споредба со 2023 година

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Душко Лазаров
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: dushko.lazarov@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Склучени и разведени бракови