Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јули 2026 година
Во јули 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 72 935 денари
22 септ. 2026
Воспоставувањето сеопфатен статистички информативен систем за пазарот на трудот е една од приоритетните развојни цели на Државниот завод за статистика.
Статистиката на пазарот на трудот овозможува да се разгледа вклученоста на поединците, домаќинствата и претпријатијата на пазарот на трудот, како во краток рок, така и во структурни услови. Покрај аспектот на економската активност (продуктивност, трошоци за труд, ниво на плата...), статистиката на пазарот на трудот, исто така, е важна за разгледување на социоекономските прашања, како што се невработеноста, структурата на платите според карактеристиките на вработените.
Анкетата за работната сила овозможува перцепција на ситуацијата и следење на промените на пазарот на трудот преку меѓународно утврдени показатели, вклучувајќи ја стапката на вработеност и стапката на невработеност. Покрај тоа, ова истражување дава преглед на социодемографските карактеристики на вработените, невработените и населението надвор од работната сила и е единствен извор на информации за неформалното вработување.
Истражувањето за платите обезбедува месечни податоци за висината и движењето на просечните бруто и нето-плати.
Анкетата за цената на трудот обезбедува информации за платите и за останатите трошоци, земени како трошок на работодавецот за вработените, а не како примања на вработените.
Анкетата за структурата на заработувачката обезбедува информации за платите и останатите заработувачки, земени како приход на вработените исплатен од страна на работодавачот.
Овие податоци се неопходни за следење на промените на пазарот на трудот.
Стапка на слободни работни места 2.17 % второ тримесечје 2026 година
Стапка на вработеност 46.6 % Второ тримесечје 2026 година
Просечна нето-плата 48 499 денари јули 2026 година
Индекс на просечната месечна нето плата 107.1 индекс јули 2026 година во однос на истиот период претходната година
Во јули 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 72 935 денари
22 септ. 2026
Во јули 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48 499 денари
22 септ. 2026
Годишниот просек на издатоци на работодавецот по вработен во 2024 година изнесуваше 788 066 денари
22 септ. 2026
Во второто тримесечје од 2026 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата.
01 септ. 2026
Бројот на активното население во второто тримесечје од 2026 година е зголемен за 0.8 % во однос со истото тримесечје од минатата година, додека бројот на невработени лица е намален за 1.5 %.
26 авг. 2026
Во јуни 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 72 785 денари
21 авг. 2026
Во јуни 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 48 381 денар
21 авг. 2026
Во мај 2026 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 74 482 денари
22 јул. 2026
Во мај 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 49 544 денари
22 јул. 2026
Во 2025 година бројот на вработени изнесува 614 334 лица
08 јул. 2026