Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 23.3.2025.1/12

Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, декември 2025 година

Во декември 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесува 46 889 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2025 година, изнесува 46 889 денари.


Во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.6 %.


Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање за 13.4 %, Земјоделство, шумарство и рибарство за 10.9 % и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Образование 9.7 %.


Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање за 12.8 %, Рударство и вадење на камен за 9.0 % и Градежништво за 7.0 %.

Главни поенти

  • Нето-платата во декември 2025 година изнесува 46 889 денари
  • Во декември 2025 година во однос на декември 2024 година е повисока за 7.6 %

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен

декември 2025 година

Контакт

Севдие Рамуко
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен