Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, февруари 2026 година
Во февруари 2026 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесуваше 46 159 денари
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2026 година, изнесуваше
46 159 денари.
Во февруари 2026 година, во однос на февруари 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 7.2 %.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12.3 %, Рударство и вадење камен за 10.6 % и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината за 9.4 %.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Земјоделство, шумарство и рибарство за
5.7 %, Други услужни дејности за 5.0 % и Уметност, забава и рекреација за 4.6 %.
Главни поенти
- Нето-платата во февруари 2026 година изнесуваше 46 159 денари
- Во февруари 2026 година во однос на февруари 2025 година е повисока за 7.2 %
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Просечна исплатена месечна нето-плата по вработен
февруари 2026 година
Контакт
Севдие РамукоТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: sevdie.ramuko@stat.gov.mk