Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 27.1.2026.1/4

Туризам, мај 2026 година

Во мај 2026 година 131 723 туристи оствариле 236 727 ноќевања

Во мај 2026 година, од вкупниот број туристи, 19.0 % се домашни, а 81.0 % се странски туристи. 
Бројот на ноќевањата во мај 2026 година изнесува 236 727, од кои 24.2 % се од домашните туристи, а 75.8 % од странските туристи.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај странските има зголемување за 4.9 %.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 3.3 %.

Главни поенти

Земји од кои дошле најмногу странски туристи во мај 2026 година:

  • 34 681 од Турција
  • 9 578 од Германија
  • 7 605 од Србија
  • 4 858 од Бугарија

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Структура на домашните и на странските туристи и ноќевања, мај 2026 година

Контакт

Бојан Глигоровски
Телефон: +389 2 3295 862
е-пошта: bojan.gligorovski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Туризам