Туризам, јули 2026 година
Во јули 2026 година 223 711 туристи оствариле 795 083 ноќевања
Во јули 2026 година, од вкупниот број туристи, 43.0 % се домашни, а 57.0 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во јули 2026 година изнесува 795 083, од кои 67.2 % се од домашните туристи, а 32.8 % од странските туристи.
Во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 1.5 %, односно кај домашните туристи има зголемување за 1.8 %, а кај странските има зголемување за 1.3 %.
Во периодот јануари – јули 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за 2.0 %.
Главни поенти
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во јули 2026 година:
- 50 955 од Турција
- 13 074 од Србија
- 5 393 од Германија
- 5 090 од Романија
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Структура на домашните и на странските туристи и ноќевања, јули 2026 година
Контакт
Македонка ТрајковаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: makedonka.trajkova@stat.gov.mk