Туризам, април 2025 година
Бројот на туристите во април 2025 година изнесува 96 943, од кои 21.4 % се домашни туристи, а 78.6 % се странски туристи
Бројот на туристите во април 2025 година изнесува 96 943, од кои 21.4 % се домашни туристи, а 78.6 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во април 2025 година изнесува 171 886, од кои 26.5 % се од домашните туристи, а 73.5 % од странските туристи.
Во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 13.4 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4.2 %, а кај странските има зголемување за 21.6 %.
Во периодот јануари – април 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 10.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.7 %, а кај странските има зголемување за 19.8 %.
Главни поенти
Земји од кои дошле најмногу странски туристи во април 2025 година:
- 21 124 од Турција
- 11 097 од Германија
- 4 905 од Србија и
- 4 881 од Франција
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Графикон
Структура на домашните и на странските туристи и ноќевања, април 2025 година
Контакт
Бојан ГлигоровскиТелефон: +389-(0)2- 3295- 666
е-пошта: bojan.gligorovski@stat.gov.mk