Просторни единици

Податоците за просторните единици се важен сегмент во планирањето и спроведувањето на статистичките истражувања, обработката на податоците, анализата и објавувањето на резултатите. Податоците за просторните единици се преземаат од Регистарот на просторни единици кој го води Агенцијата за катастар на недвижности.

Номенклатурата на територијални единици - НТЕС е заснована врз територијалната организација на локалната самоуправа во Република Северна Македонија и е усогласена со класификацијата на Европската Унија Nomenclature of Territorial Units for Statistics – NUTS, утврдена со Регулативата 1059/2003.

Основната цел на класификацијата НТЕС е да обезбеди единствена и унифицирана поделба на територијалните единици на регионално и на локално ниво. НТЕС е основа за прибирање, обработка и публикување на регионална статистика и се користи за планирање и водење на регионалната политика во Република Северна Македонија.

Номенклатурата НТЕС има 5 нивоа и тоа:

Поради хиерархискиот карактер на Номенклатурата, деловите од подрачјата на 10-те скопски општини што го сочинуваат Скопје како населено место се посебни единици на НТЕС ниво 5.

Владата на Република Македонија ја усвои Номенклатурата на територијални единици за статистика - НТЕС во декември 2007 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158 од 28.12. 2007 година). Од тогаш се направени измени во 2014 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 10 од 20.01. 2014 година) и во 2019 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 131 од 27.06.2019 година).

НТЕС Номенклатура

Геопросторни податоци за административните единици и НТЕС единиците можете да преземете тука.

Индикатори