Бруто-домашен производ

Системот на националните сметки е систем на податоци за секторите на економијата, трансакциите меѓу секторите на економијата и рамка за економската анализа. Во центарот на националните сметки е производството на стоките и услугите, односно бруто-домашниот производ (БДП), кој е главен показател за развиеноста на економијата на секоја држава.

Со податокот за бруто-домашниот производ по жител се врши споредба на развиеноста на државата во однос на други држави, споредба на продуктивноста на трудот и истовремено податок од кој се добиваат податоците за бруто-националниот доход, бруто-штедењето и нето -задолжувањето на државата.

Индикатори

Реален раст на БДП 3.2 % Четврто тримесечје од 2024 година во однос на истиот период претходната година проценет податок

БДП по тековни цени 897 694 милиони денари 2023 претходен податок

Најнови соопштенија

Сите соопштенија →