Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 01.2.2025.1/2

Бруто-домашен производ, второ тримесечје 2025 година

Бруто-домашниот производ порасна за 3.4% во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година

Стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година е 3.4 % во однос на истото тримесечје од 2024 година. 

Во второто тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво од 7.3 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 6.0 % и Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 3.9 %. 

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2025 година, номинално расте за 6.1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 68.5 %.

Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 6.4 %, а увозот на стоки и на услуги исто така бележи зголемување во номинален износ од 7.3 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година е 3.2 %.

Главни поенти

Во второто тримесечје од 2025 година во однос на второто тримесечје од 2024 година:

•    Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) е 3.4 %

•    Бруто-инвестициите бележат пораст, главно, поради зголемувањето на бруто-инвестициите во основни средства 

Табели

2024 - проценети податоци

2025 - проценети податоци


2024 - проценети податоци

2025 - проценети податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.


2024 - проценети податоци

2025 - проценети податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.

Реалните стапки на раст се во однос на истото тримесечје од претходната година


2024 - проценети податоци

2025 - проценети податоци

НПИСД - Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата

1) Вклучува разлика во залихите поради балансирање


2024 - проценети податоци

2025 - проценети податоци

НПИСД - Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата

1) Вклучува разлика во залихите поради балансирање

Реалните стапки на раст се во однос на истото тримесечје од претходната година


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Бруто-домашен производ, референтна 2005 година

Оригинални и сезонски прилагодени податоци

Контакт

Ленче Неданоска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: lence.nedanoska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Бруто-домашен производ, тримесечни податоци