Бруто-домашен производ, прво тримесечје 2025 година
Бруто-домашниот производ порасна за 3.0 % во првото тримесечје од 2025 година во однос на првото тримесечје од 2024 година
Стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2025 година е 3.0 %, во однос на истото тримесечје од 2024 година.
Во првото тримесечје од 2025 година, поголем пораст е забележан во секторите: Градежништво и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 7.1 % и Информации и комуникации од 4.8 %.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во првото тримесечје од 2025 година, номинално расте за 7.1 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 69.0 %.
Во истиот период извозот на стоки и на услуги номинално е зголемен за 1.4%, увозот на стоки и на услуги исто така забележи зголемување во номинален износ од 4.8 %.
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2025 година во однос на првото тримесечје од 2024 година е 3.2 %.
Главни поенти
Стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2025 година во однос на првото тримесечје од 2024 година е 3.0 %
Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во првото тримесечје од 2025 година во однос на првото тримесечје од 2024 година е 3.2 %
Табели
2024 - проценети податоци
2025 - проценети податоци
2024 - проценети податоци
2025 - проценети податоци
Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.
2024 - проценети податоци
2025 - проценети податоци
Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.
Реалните стапки на раст се во однос на истото тримесечје од претходната година
2024 - проценети податоци
2025 - проценети податоци
НПИСД - Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата
1) Вклучува разлика во залихите поради балансирање
2024 - проценети податоци
2025 - проценети податоци
НПИСД - Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата
1) Вклучува разлика во залихите поради балансирање
Реалните стапки на раст се во однос на истото тримесечје од претходната година
Користени симболи →

Графикон
Бруто-домашен производ, референтна 2005 година
Оригинални и сезонски прилагодени податоци
Контакт
Ленче НеданоскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: lence.nedanoska@stat.gov.mk