Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 01.2.2025.1/3

Бруто-домашен производ, трето тримесечје 2025 година

Бруто-домашниот производ порасна за 3.8 % во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во третото тримесечје од 2025 година е 3.8 %.

Во третото тримесечје од 2025, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ -Градежништво од 21.0 % и Ѕ - Информации и комуникации од 7.4 %.

Во третото тримесечје, бруто инвестициите во основни средства претставуваат главен двигател на порастот на бруто-домашниот производ. Во структурата на БДП, учеството на бруто инвестициите се зголемува од 26.1 % во третото тримесечје од 2024 година на 31.1 % во третото тримесечје од 2025 година.

Финалната потрошувачка во третото тримесечје од 2025 година номинално расте за 7.7 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ е 80.2 %.

Според сезонски и календарски прилагодените податоци, стапката на раст на бруто-домашниот производ во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година е 3.6 %.

Главни поенти

Во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година:

  • Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) е 3.8 %
  • Стапката на на раст на бруто-домашниот производ (БДП) според сезонски и календарски прилагодените податоци е 3.6%

Табели

2024 - претходни податоци

2025 - проценети податоци


2024 - претходни податоци

2025 - проценети податоци


2024 - претходни податоци

2025 - проценети податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.

Реалните стапки на раст се во однос на истото тримесечје од претходната година


2024 - претходни податоци

2025 - проценети податоци

НПИСД - Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата

1) Вклучува разлика во залихите поради балансирање


2024 - претходни податоци

2025 - проценети податоци

НПИСД - Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата

1) Вклучува разлика во залихите поради балансирање

Реалните стапки на раст се во однос на истото тримесечје од претходната година


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Бруто-домашен производ, референтна 2005 година

Оригинални и сезонски прилагодени податоци

Контакт

Ленче Неданоска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: lence.nedanoska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Бруто-домашен производ, тримесечни податоци