СООПШТЕНИЕ

Бруто-домашен производ, четврто тримесечје од 2024 година

Бруто-домашниот производ порасна за 3.2 % во четвртото тримесечје од 2024 година во однос на четвртото тримесечје од 2023 година

Стапката на раст на бруто-домашниот производ во четвртото тримесечје од 2024 година е 3.2%, во однос на истото тримесечје од 2023 година.

Во четвртото тримесечје од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Ѓ - Градежништво од 13.2% и К и Л - Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10.6 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 6.0 %, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66.1 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3.1 %, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 2.0 %

Главни поенти

Стапката на раст на БДП во четвртото тримесечје од 2024 година во однос на четвртото тримесечје од 2023 година е 3.2 %

Стапката на раст на БДП во 2024 година во однос на 2023 година е 2.8 %

Табели

2023 - претходни податоци

2024 - проценети податоци


2023 - претходни податоци

2024 - проценети податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.


2023 - претходни податоци

2024 - проценети податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2.

Реалните стапки на раст се во однос на истото тримесечје од претходната година


2023 - претходни податоци

2024 - проценети податоци

НПИСД - Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата

1) Вклучува разлика во залихите поради балансирање


2023 - претходни податоци

2024 - проценети податоци

НПИСД - Непрофитни институции кои им служат на домаќинствата

1) Вклучува разлика во залихите поради балансирање

Реалните стапки на раст се во однос на истото тримесечје од претходната година


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Бруто-домашен производ, референтна 2005 година

Оригинални и сезонски прилагодени податоци

Контакт

Подготвено од: Ленче Неданоска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: lence.nedanoska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.