Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 01.1.2025.1

Бруто-домашен производ, 2024 година, претходни податоци

Бруто-домашниот производ во 2024 година изнесува 964 087 милиони денари и во однос на 2023 година е номинално зголемен за 6.8 %

Реалната стапка на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во 2024 година, во однос на 2023 година, e 3.0 %.

Номиналната стапка на раст на БДП во 2024 година, во однос на 2023 година, изнесува 6.8 %. Вредноста на БДП во 2024 година изнесува 964 087 милиони денари. 

Најголемо учество во додадената вредност со 17.9 % во структурата на БДП во 2024 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли и Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна.

Финалната потрошувачка во 2024 година во структурата на БДП учествува со 82.4 %.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2024 година e 61.7 %.
Вредноста на инвестициите во основни средства во 2024 година изнесува 226 482 милиони денари.

Во техничката структура на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 53.6 %, машините и опремата со 35.7 %, а останатите инвестиции со 10.7 %.

Главни поенти

Во 2024, во однос на 2023 година, бруто-домашниот производ:

  • Реално е зголемен за 3.0 % 
  • Номинално e зголемен за 6.8 % 
  • По жител е 8 588 евра

Табели

2024-Претходни податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


2024-Претходни податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


1) Вклучува разлика поради балансирање

2024-Претходни податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


2024-Претходни податоци

Национална класификација на дејностите (НКД), рев. 2


Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Графикон

Стапки на реален раст на бруто-домашниот производ

Контакт

Бобан Илиевски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: boban.ilievski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Бруто-домашен производ