Цени

Индексот на трошоците на животот ја мери промената на цените на производите и услугите кои ги набавуваат домаќинствата за задоволување на своите потреби. Овие индекси се користат за мерење на инфлацијата.

Цените како паричен облик на вредностите на стоките и на услугите претставуваат многу значаен инструмент на економската политика и имаат големо значење во целокупниот развој на стопанството на државата. Движењата на цените се предмет на статистичко набљудување со цел да се обезбедат податоци неопходни за водењето на политиките.

Индексот на трошоците на животот ја мери промената на цените на производите и услугите кои ги набавуваат домаќинствата за задоволување на своите потреби. Овие индекси се користат за мерење на инфлацијата.

Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи/услуги  ги мерат промените на нивото на цените на производи/услуги што се произведуваат во земјата, а се пласираат на домашниот и на странскиот пазар.
Индексите на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се наменети за преиспитување или мониторирање на трошоците направени од страна на градежните компании при извршувањето на процесот на изградба на нови објекти за индивидуално домување.

Се следат и цените во земјоделството како индекс на цени во инпутот (средства, услуги и инвестиции во земјоделството) и индекс на цени во аутпутот (производството од земјоделскиот сектор, откупено или продадено надвор од секторот).

Индикатори

Индекс на цените во земјоделството - aутпут 110.9 индекс април, 2025 во однос на истиот период претходната година

Индекс на цените во земјоделството - инпут 101.3 индекс април, 2025 во однос на истиот период претходната година

Индекс на цените во угостителството 104.5 индекс Мај 2025 година во однос на истиот период претходната година

Просечна цена на електричната енергија за домаќинствата 6.733 денари по KWh второ полугодие 2024 година

Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно 99.8 индекс април 2025 година во однос на претходниот период

Најнови соопштенија

Сите соопштенија →

Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, прво тримесечје 2025 година

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во првото тримесечје од 2025 година во однос на претходното тримесечје се намалени за 0.9 %

30 мај 2025