Индекси на цените на услугите, прво тримесечје 2025 година
Цените на услугите во одделот Телекомуникации во првото тримесечје од 2025 година пораснале за 3.0 % во споредба со првото тримесечје од 2024 година
Во првото тримесечје од 2025, во споредба со првото тримесечје од 2024 година, цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 1.2 %.
Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од
1.3 %, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети.
Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од
3.0 % во одделот Телекомуникации.
Опфатени се секторите Ж - Услуги за транспорт и складирање и Ѕ - Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производи по дејности (КПД).
Главни поенти
Цените на услугите во првото тримесечје од 2025 година во однос на првото тримесечје од 2024 година се зголемиле за:
- 1.3 % кај копнениот и цевководниот транспорт
- 3.0 % во одделот Телекомуникации
Табели

Контакт
Оливера ИлиевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: olivera.ilievska@stat.gov.mk