Индекси на цените на услугите, трето тримесечје 2024 година
Цените на услугите во одделот Услуги за копнен превоз и цевководен транспорт во третото тримесечје од 2024 година пораснале за 1.7 % во споредба со третото тримесечје од 2023 година
Во третото тримесечје од 2024, во споредба со третото тримесечје од 2023 година, цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 1.5 %.
Според видови транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 1.7 %, додека кај поштенските и курирските услуги бележат пад од 3.5 %.
Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 3.6 % во одделот Телекомуникации.
_________________________________________
*Опфатени се секторите Ж - Услуги за транспорт и складирање и Ѕ - Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производи по дејности (КПД)
Главни поенти
Цените на услугите во третото тримесечје од 2024 година во однос на третото тримесечје од 2023 година се зголемиле за:
- 1.7 % кај копнениот и цевководниот транспорт
- 3.6 % во одделот Телекомуникации
а се намалиле за:
- 3.5 % кај поштенските и курирските услуги
Табели

Контакт
Подготвено од: Анета КостевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: aneta.kostevska@stat.gov.mk