Индекси на цените на услугите, трето тримесечје 2025 година
Цените на услугите во одделот Услуги за телекомуникации во третото тримесечје од 2025 година пораснале за 1.6 % во споредба со третото тримесечје од 2024 година
Во третото тримесечје од 2025, во споредба со третото тримесечје од 2024 година, цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 0.7 %.
Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од
0.7 %, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети.
Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од
1.6 % во одделот Телекомуникации.
Опфатени се секторите Ж – Услуги за транспорт и складирање и Ѕ – Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производите по дејности (КПД).
Главни поенти
Цените на услугите во третото тримесечје од 2025 година во однос на третото тримесечје од 2024 година се зголемиле за:
- 0.7 % кај копнениот и цевководниот транспорт
- 1.6 % во одделот Телекомуникации
а остануваат непроменети кај поштенските и курирските услуги
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Даниела ПетровскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: daniela.petrovska@stat.gov.mk