Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.7.2025.1/4

Индекси на цените на услугите, четврто тримесечје 2025 година

Цените на услугите во одделот Услуги за телекомуникации во четврто тримесечје од 2025 година пораснале за 2,3 % во споредба со четврто тримесечје од 2024 година

Во четвртото тримесечје од 2025, во споредба со четвртото тримесечје од 2024 година, цените на услугите за транспорт и складирање пораснале за 0.7 %. 

Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од      0.7 %, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети. 

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од  2.3 % во одделот Телекомуникации.

Опфатени се секторите Ж – Услуги за транспорт и складирање и Ѕ – Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производите по дејности (КПД). 

Главни поенти

Цените на услугите во четвртото  тримесечје од 2025 година во однос на четвртото тримесечје од 2024 година се зголемиле за:

 

  •           0.7 % кај  копнениот и цевководниот транспорт
  •      2.3 % во одделот Телекомуникации,

 а остануваат непроменети кај поштенските и курирските услуги 

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Даниела Петровска
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: daniela.petrovska@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на цени на услуги