Државен завод за СТАТИСТИКА

СООПШТЕНИЕ : 07.9.2026.1/1

Индекс на цените во угостителството, февруари 2026 година

Цените на угостителските услуги во февруари 2026 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец

Цените на угостителските услуги во февруари 2026 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.2 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – февруари 2026 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 3.3 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.3 %. 

Главни поенти

Цените во угостителството, по групи, во февруари 2026 година во однос на јануари 2026 година се зголемени кај групата Храна за 0.3 % и групата Алкохолни пијалаци за 0.2 %, додека кај групите Безалкохолни пајалаци и Ноќевања не се забележани промени.

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Филип Станковски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: filip.stankovski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постари изданија за соопштението: Индекси на цените во угостителството