СООПШТЕНИЕ

Индекс на цените во угостителството, март 2025 година

Цените на угостителските услуги во март 2025 година се зголемени за 1.0 % во однос на претходниот месец

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2025 година во однос на февруари 2025 година e 101.0.

Индексот на цените на угостителските услуги во март 2025 година во однос на истиот месец од претходната година е 106.9.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги во периодот јануари – март 2025 година во однос на истиот период од минатата година е 106.2, додека во однос на декември 2024 година е 100.8.

Главни поенти

Цените во угостителството, по групи, во март 2025 година во однос на  февруари 2025 година се зголемени за:

  • 1.0 % кај Храна  
  • 2.2 % кај Алкохолни пијалаци 
  • 2.1 % кај Безалкохолни пијалаци

Во групата Ноќевања не е забележана промена на цените.

Табели

Користени симболи →

Статистичка база МАКСТАТ
Повеќе информации се достапни во МакСтат базата на податоци

Контакт

Подготвено од: Филип Станковски
Телефон: +389 2 3295 666
е-пошта: filip.stankovski@stat.gov.mk

Постари соопштенија

Постарите изданија на соопштенијата можете да ги најдете тука.