Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, декември 2024 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се намалени за 0.1 % во декември 2024 година во однос на претходниот месец
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2024 година во однос на претходниот месец е 99.9. Цените се намалени во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 1.9 % и Енергија за 0.9 % .
Во декември 2024 во однос на истиот месец од претходната година индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар изнесува 105.3 Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 12.9 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.9 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.9 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2024 година се :
- намалени за 0.1 % во однос на претходниот месец
- зголемени за 5.3 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Подготвено од: Ана Марија ЃурчиновскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: anamarija.petrova@stat.gov.mk