Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, декември 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2025 година се зголемени за 0.2 % во однос на претходниот месец
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0.9 %.
Во декември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 5.0 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 7.6 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.3 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во декември 2025 година се зголемени за:
- 0.2 % во однос на претходниот месец
- 5.0 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Оливера ИлиевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: olivera.ilievska@stat.gov.mk