Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, февруари 2025
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 0.7 % во февруари 2025 година во однос на претходниот месец
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари 2025 година во однос на претходниот месец е 100.7. Цените се зголемени во групите и Енергија за 1.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.4 %.
Во февруари 2025 во однос на истиот месец од претходната година индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар изнесува 107.4. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 23.5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.0 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.7 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари 2025 година се зголемени во однос на претходен месец, и во однос на истиот месец претходна година:
- 0.7 % во однос на претходниот месец
- 7.4 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Подготвено од: Ана Марија ЃурчиновскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: anamarija.petrova@stat.gov.mk