Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, март 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети во март 2025 година во однос на претходниот месец
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март 2025 година во однос на претходниот месец изнесува 100.0. Цените се зголемени во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 0.2 % и Капитални производи за 0.2 %, а се намалени во групите Енергија за 0.2 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.
Во март 2025 во однос на истиот месец од претходната година индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар изнесува 106.3. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 17.5 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 4.5 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во март 2025 година се:
- Непроменети во однос на претходниот месец и
- +6.3 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Подготвено од: Ана Марија ЃурчиновскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: anamarija.petrova@stat.gov.mk