Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, мај 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 0.7 % во мај 2025 година во однос на претходниот месец
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај 2025 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7. Цените се зголемени во групите Енергија за 0.6 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 0.7% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.7 %.
Во мај 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар изнесува 106.4. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 17.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 2.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.8 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во мај 2025 година се зголемени за:
- 0.7 % во однос на претходниот месец
- 6.4 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Оливера ИлиевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: olivera.ilievska@stat.gov.mk