Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, јануари 2025
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 1.0 % во јануари 2025 година во однос на претходниот месец.
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2025 година во однос на претходниот месец е 101.0. Цените се зголемени во групите Енергија за 5.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 2.0 %.
Во јануари 2025 година во однос на истиот месец од претходната година индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар изнесува 106.1. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 15.9 %, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.4 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.7 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јануари 2025 година се зголемени за :
- 1.0 % во однос на претходниот месец
- 6.1 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Подготвено од: Ана Марија ЃурчиновскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: anamarija.petrova@stat.gov.mk