Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, јули 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар остануваат непроменети во јули 2025 година во однос на претходниот месец
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули 2025 година во однос на претходниот месец се зголемени во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 0.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.3 %, а се намалени во групата Енергија за 0.7 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.1 %.
Во јули 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се зголемени за 5.2 %. Цените во овој период се зголемени во групите Енергија за 7.5 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 5.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4.9 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во јули 2025 година:
- Остануваат непроменети во однос на претходниот месец
- Зголемени се за 5.2 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Оливера ИлиевскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: olivera.ilievska@stat.gov.mk