Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, април 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се намалени за 0.6 % во април 2025 година во однос на претходниот месец
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во април 2025 година во однос на претходниот месец е 99.4. Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се намалени за 2.0 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.5 %.
Во април 2025 година во однос на истиот месец од претходната година индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари е 106.0. Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен и во секторот Преработувачка индустрија се зголемени за 6.0.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во април 2025 година:
- се намалени за 0.6 % во однос на претходниот месец
- се зголемени за 6.0 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk