Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, декември 2024 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.5 % во декември 2024 година во однос на претходниот месец
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во декември 2024 година во однос на претходниот месец е 100.5. Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 2.0 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.4 %.
Во декември 2024 година во однос на истиот месец од претходната година индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари е 106.5. Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење на камен се зголемени за 17.8 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 6.0 %.
Главни поенти
- 0.5 % во однос на претходниот месец
- 6.5 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели

Контакт
Подготвено од: Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk