Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, декември 2025 година
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се зголемени за 0.6 % во декември 2025 година во однос на претходниот месец
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во декември 2025 година, во однос на претходниот месец, се зголемени во секторот Рударство и вадење камен за 0.3 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 0.6 %.
Во декември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот Рударство и вадење камен се зголемени за 4.7 %, а во секторот Преработувачка индустрија за 3.7 %.
Главни поенти
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во декември 2025 година се зголемени:
- за 0.6 % во однос на претходниот месец
- за 3.8 % во однос на истиот месец од претходната година
Табели
Статистичка база МАКСТАТ
Контакт
Елизабета ТрајковскаТелефон: +389 2 3295 666
е-пошта: elizabeta.trajkovska@stat.gov.mk